Свет

„Шекерна паника во Русија“ – недостиг на храна на полиците низ маркетите

„Шекерна паника во Русија“ – недостиг на храна на полиците низ маркетите
Најголемата загриженост за Русите во моментов е недостигот од залихи со храна во нивните локални супермаркети – и зголемената цена на стоката што се уште е достапна, известува дописникот на Би-Би-Си, Стив Розенберг. „Шеќерот исчезна од многу полиците на супермаркетите“, изјави Розенберг за Би-Би-Си Радио 4 – а рускиот весник денес пишува за „шеќерна паника“ меѓу јавноста. Тој рече дека немало шеќер во неговиот локален супермаркет во Москва кој го посетил во неделата, а продавницата „вовела неколку ограничувања за прехранбените производи за да се спречи паничното купување“. Солта и маслото за јадење се меѓу секојдневните прехранбени продукти кои се рационализираат. Розенберг рече дека руските медиуми продолжиле да создаваат „алтернативна реалност“ со покривањето на инвазијата на Украина, која тие ја нарекуваат „специјална воена операција“. „Кремљ сака Русите да веруваат дека Русија е нападната од фашисти и нацисти – потпомогната од западните агресори – и дека Москва ја има вистината, правдата и доброто на своја страна, и дека ќе се бори да го уништи злото“, рече тој за програмата Today.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни