На 17.06.2026 во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.П.(36) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 66-годишен татко.
На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината.
На 16.06.2026 во 18:15 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Е.С.(24) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
На 17.06.2026 во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода М.Ц.(39) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 61-годишна мајка дека околу 03:00 часот во семејниот дом физички ја нападнала и оштетила дел од покуќнината.
На 16.06.2026 во 22:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.А.(35) од Велес, постапувајќи по пријава дека по кратка расправија физички ја нападнал неговата 35-годишна поранешна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 16.06.2026 во 14:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 24-годишната С.К. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнала 36-годишниот вонбрачен сопруг на нејзината мајка, при што употребила и остар предмет и му нанела повреда, по што им се заканувала на двајцата. С.К. била приведена во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 16.06.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека околу 11:30 часот пред домот на подрачјето на Карпош дошол К.Ж., нејзин внук од брат, кој ѝ се заканувал и со камења фрлал по куќата. Според пријавеното, К.Ж., исто така, упатувал закани на мобилен телефон и на нејзиниот син.
На 16.06.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријави дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.М.(39).
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.