Македонија

Шќип Медиа: „Вива Фреш“ го купува „Тинекс“ за 90 милиони евра

Шќип Медиа: „Вива Фреш“ го купува „Тинекс“ за 90 милиони евра

Косовскиот малопродажен гигант „Вива Фреш“ постигна договор со македонскиот трговски синџир „Тинекс“ во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ,  ексклузивно дознава порталот Shqipmedia.

Вредноста на купопродажниот договор се вели дека е некаде околу 90 милиони евра, додека продажбата се очекува да биде потпишана и официјализирана во наредните денови.

Косовската компанија „Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“, чија продажба беше официјализирана минатата година. Со купувањето на компанијата „Тинекс“, компанијата „Вива Фреш“ ќе биде лидер во продажбата на мало во Македонија.

Според извори на  Shqipmedia , „Вива Фреш“ преговара и со уште една мрежа на супер маркети, но се уште нема конечен епилог од овие разговори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни