Сите знаеме дека Светлана Цеца Ражнатовиќ има големи обожаватели, како и дека се „тепаат“ да бидат што е можно поблиску до пејачката додека таа настапува.
Така беше и овој пат кога Цеца одржа концерт.
Една од нејзините обожавателки дојде во првиот ред со голема плишана играчка и ја гаѓаше.
Имено, таа сакаше да и подари на Цеца подарок, но играчката за малку ќе ја погодеше пејачката во глава.
На ова, Цеца само се насмеа и продолжи да пее!
