Шокантни сцени во Загреб: „Камион влечеше повредена жена по пат“

Во саботата пред пладне на фреквентната раскрсница на улицата Селска цеста и улицата Озаљска на загрепска Трешњецеца се случи сообраќајна несреќа во која загина пешак.

Како што потврдија од полициската управа во Загреб, во 10 часот камион налетал на пешак. Таа била пренесена во КБЦ Сестара милосрдница, каде од здобиените повреди починала.

Се вчитува...

Очевидци на несреќата за net.hr велат дека се работи за повозрасна жена која со количка поминувала по многу фреквентен пат надвор од пешачкиот премин.

Во неа удрил камион кој наводно ја влечел по патот додека не застанал. Недалеку од местото на несреќата има дом за стари лица.