Шпанија има намера да им дозволи на девојчињата да абортираат по 16-годишна возраст без согласност на нивните родители, објави весникот Pais, цитиран од БТА.
Според шпанскиот дневен весник, се очекува предлог-законот да биде разгледан на седница на владата на 17 мај.
Дополнително, Владата сака правото на абортус да биде загарантирано во државниот здравствен систем.
Со него се предвидува определување на термините во кои жената може да ја прекине несаканата бременост, како и други мерки поврзани со здравјето на жената.