Шпанскиот премиер во официјална посета на Молдавија

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска беше во официјална посета на Молдавија која граничи со Украина, јави Асошиетед прес.

Санчез за време на посетата рече дека Мадрид ќе го поддржи територијалниот интегритет на Молдавија, повикувајќи се на Придњестровје, каде Русија има воено присуство.

Се вчитува...

Придњестровје е отцепен регион поддржан од Русија во Молдавија, кој граничи со југозападна Украина. Од 1992 година таму се стационирани руски војници, официјално дефинирани како мировници.

На денешната прес-конференција во Кишињев, Санчез ја увери претседателката Маја Санду дека Молдавија има „силна“ поддршка од Шпанија и дека неговата земја е солидарна со молдавските власти и молдавскиот народ во време на големи тешкотии и меѓународна политичка тензија.