По барање на Општина Штип, побарана е помош од соседните противпожарни единици, а екипи од ТППЕ Кочани и ТППЕ Свети Николе веќе се упатени кон Штип за да се вклучат во гаснењето на пожарот и да помогнат во неговото ставање под контрола.
Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.