Македонија

Што ќе облече Првата дама на Македонија за погребот на кралицата Елизабета Втора?

Што ќе облече Првата дама на Македонија за погребот на кралицата Елизабета Втора?

Откако стана јасно дека на погребот на кралицата Елизабета Втора ќе присуствува претседателот на државата Стево Пендаровски во присуство на својата сопруга – првата дама Елизабета Ѓеоргиевска, сите се прашуваат каков стајлинг ќе одбере.

Весникот ВЕЧЕР, ексклузивно открива дека, Ѓеоргиевска, за оваа пригода, првпат нема да биде облечена во креација на некој од познатите македонски дизајнери, туку стајлингот го подготвува нејзината лична кројачка.

Како што откриваат извори за весникот блиски до првата дама, креацијата веќе е во изработка и тоа ќе биде едноставен црн фустан, а бидејќи протоколот налага и шапка, ќе има и стилизирана шапка.

Инаку, според досегашните стајлинзи на Елизабета може да се заклучи дека таа е дама во вистинска смисла на зборот – едноставна, шармантна, и жена со стил.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни