Балкан

Што носи најавената средба меѓу Вучиќ и Столтенберг: Последна шанса за смирување на тензиите на северот на Косово

Што носи најавената средба меѓу Вучиќ и Столтенберг: Последна шанса за смирување на тензиите на северот на Косово

Ситуацијата на северот на Косово не е променета, иако Приштина го намали за 25 отсто присуството на припадниците на косовската полиција во и околу општинските згради. Тој чекор, наводно, бил договорен од Приштина со ЕУ, но тензиите на северот на Косово сè уште се присутни.

Затоа и Столтенберг и Вучиќ најавија средба минатата недела за да придонесат за деескалација на ситуацијата . Сепак, имајќи го предвид она што се случуваше во претходните месеци, многу е неблагодарно да се предвидува дали тој разговор ќе вроди со плод.

Вучиќ: Курти се уште е подготвен за конфликти
Вучиќ предупреди дека Курти се уште е подготвен за конфликти бидејќи косовскиот премиер изјавил дека „Косовската полиција е продолжение на ОВК“.

– Затоа се плашам дека тој подготвува многу поопасни работи и се обидува да им каже на луѓето да се подготват за конфликти кои само тој сака да ги види и само тој сака да ги иницира. Сакаме мир, а тоа што го кажува укажува дека сака конфликт и ништо друго – изјави Вучиќ за „Павловиќ денес“ и додаде дека за тоа ќе разговара со Столтенберг .

Како што рече, намалувањето на полициските сили во општините на северот на Косово и Метохија за само 25 отсто, наместо целосно повлекување, било замислено да побара од Србија за возврат „повторно да направи нешто сериозно“.

– На северот на Косово и Метохија моментално имаат околу 600, а ќе ги намалат на 450. Нема промена, ништо. Јасно е дека овој човек (Курти) не сака да направи ништо – истакна Вучиќ.

Сепак, големото прашање е дали Столтенберг и НАТО можат да го натераат Курти да го промени својот став?

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни