Македонија

Што одлучи регулаторна, каква е новата цена на горицата?

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот нема да се менуваат. Бензинот од 98 октани останува по цена од 78,5 денари за литар, обичниот бензин од 95 октани е 76,5 денари, нафтата ќе продолжи да се продава по цена од 68,5 денари, додека маслото за домаќинство останува по цена од 68 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 ден/литар и сега ќе достигне 42,377 ден/литар.

„Во последните седум дена на светските берзи во просек се зголемени сите референтни цени: бензинот за 1,04%, дизелот за 0,304%, екстра лесното масло за 0,357% и нафтата за 0,402%. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 отсто“, се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни