Свет
17,251,430
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15

Што по вонредната состојба? – Идниот парламентарен состав да донесе закон

Владата на Северна Македонија нема да може да усвојува уредби бидејќи со завршувањето на вонредната состојба и се одзема правото за усвојување закони кое повторно ќе му припадне на Собранието. Не се знае дали ќе продолжат да важат уредбите што ги усвои Владата за време на вонредната состојба, бидејќи нивната судбина не е дефинирана јасно со Уставот, а нашата земја нема закон за вонредна состојба со кој би се дефинирало ова прашање.

„Уставот овде има правни празнини и тоа е резултат на фактот дека Северна Македонија нема закон кој ја регулира вонредната состојба. Како функционираат институциите, колку траат уредбите кои се носат и во кои области можат да се носат уредби со сила на закон и кои се поврзуваат со вонредната состојба“, истакна Насер Зибери.

Укинувањето на уредбите би ја отстранило потребата за нивна потврда од страна на Парламентот. Според правникот Зибери, по оваа состојба треба да се потврди само одлуката за прогласување вонредна состојба, но не и усвојувањето уредби.

„Јас лично мислам дека сите донесени уредби во вонредна состојба треба да престанат да важат со прекинувањето на вонредната состојба и тие не треба да подлежат на потврда од страна на Парламентот, бидејќи тие се итни измени импонирани од вонредната состојба и како такви треба да се прекинат со прекинувањето на вонредната состојба. Инаку одлуката за прогласување вонредна состојба, задолжително треба да ја потврди Парламентот“, порача Насер Зибери.

Меѓутоа тој смета дека оваа ситуација бара усвојување закон за вонредна состојба кој би ги дефинирал јасно надлежностите на секоја институција во однос на тоа кој и каква уредба може да усвои во вонредна состојба и колку ќе важи таа. Вонредната состојба заврши бидејќи претседателот Стево Пендаровски оцени дека нема потреба истата да продолжи.

.

Извор: ТВ21