Шуга во средното училиште во Демир Хисар

Шест ученици од Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар побарале лекарска помош по враќањето од екскурзијата во Охрид, дознава ТВ 21. Подоцна било констатирано дека тие имаат кожна болест – шуга.

Како што дознава ТВ 21, учениците кај кои е констатирана шуга не посетуваат настава во моментов, а екипи на Центарот за јавно здравје од Битола деновиве ги презеле сите потребни мерки за заштита на останатите ученици.

Од училиштето велат дека сега немаат проблеми со заразени ученици и наставата се одвива нормално.

Шугата претставува инфективно, паразитарно заболување со карактеристични кожни промени и силно изразен јадеж. Причинителот паразитира на површинскиот слој на кожата при што прв и водечки симптом е упорниот и мачен јадеж, особено изразен ноќе во топлиот кревет на карактеристични места на телото: помеѓу прстите на рацете, рачните зглобови, лактите, предната подпазувна линија, околу градите, папокот и половината.

Репортерот Јовица Пауноски е на терен и ги донесува деталите од Демир Хисар во информативниот магазин во 19:30.

На репортерската екипа на ТВ 21 и беше забрането да снима во и надвор од училиштето.