Висока содржина на токсин алтернарија е откриена во мелената пиперка со потекло од Србија на швајцарскиот пазар, објави европскиот систем за брзо предупредување и информации за храната РАСФФ.
Високо ниво на алтернарија токсин тенуазонска киселина во мелената пиперка е откриено за време на официјалната контрола на пазарот во Швајцарија, пишува порталот RASFF.
Нема детали за преземените мерки.
Се наведува дека максимално дозволеното ниво на овој отров во мелената пиперка е 10.000 µg/kg (микрограми на килограм), додека кај мелената пиперка од Србија се откриени 15.102 μg/kg, што е практично 51 отсто повеќе од максимално дозволената количина.
Што е токсин алтернарија
Во трудот објавен во 2014 година од Белградскиот институт за хигиена и технологија на месо со наслов „Микотоксини во синџирот на исхрана – анализа на ризик и важност за јавното здравје“ (од Драган Милиќевиќ, Јелена Недељковиќ-Траиловиќ и Зоран Машиќ), се наведува дека „ Податоците за токсиколошките ефекти покажуваат дека токсините на алтернарија покажуваат цитотоксичен, фетотоксичен и/или тератоген ефект“.
„Токсините на Alternaria се секундарни метаболити на мувлите на Alernaria, првенствено A. alternata. Се претпоставува дека групата на токсини Alternaria се состои од околу 30 микотоксини. Меѓу најважните токсини на алтернарија се алтернариол, артернариол метил етер, алтенуен, алтертоксин (ATX I, II и III) и тенуазонска киселина“, се наведува во трудот.
Присуството на отрови од алтернарија најчесто се среќава во овошјето и зеленчукот, но, како што беше истакнато – недоволни се податоците за присуството и концентрацијата на отровите алтернарија во житариците.
Во трудот се истакнува дека појавата на рак на хранопроводникот кај луѓето во одредени региони на Кина е поврзана со присуството на токсините Alternaria во житариците.
Според официјалните податоци на Европската Унија, ова се дозволените количини на алтернарија токсин тенуазонска киселина во одредени намирници во земјите на ЕУ:
