Швајцарската влада не дозволи Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, а одлуката ја образложи со својата политика на неутралност, што значи дека не снабдува зони на вооружен конфликт.
Сојузниот секретаријат за економски прашања стави вето на понудата на Данска да и обезбеди на Украина околу 20 пешадиски борбени возила „Пиран III“, јави Танјуг.
Неутралната Швајцарија бара од странските земји кои купуваат швајцарско оружје да бараат дозвола за реекспорт.
Во април, владата во Берн стави вето на реекспортот на швајцарска муниција за тенкови испратени од Германија во Украина и го отфрли барањето на Полска за оружје што исто така треба да му помогне на Киев.