Свет

Швајцарија ќе му понуди имунитет на Путин ако присуствува на мировната конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на Путин ако присуствува на мировната конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај обвинението против него во Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировна конференција, изјави денес швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис.

Минатата година, федералната влада дефинираше правила за доделување имунитет на лице под меѓународна потерница ако лицето присуствува на мировна конференција, а не од приватни причини, изјави Касис на прес-конференција со својот италијански колега Антонио Тајани во Берн.

Порано денес, францускиот претседател Емануел Макрон ја спомена Женева како можно место за идна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Макрон рече дека Женева не е само хипотеза, туку колективна волја, бидејќи средбата е посакувана во неутрална земја.

„Јас се залагам за Женева или некоја друга земја. Последниот пат билатералните разговори беа во Истанбул“, се присети Макрон откако присуствуваше на средба меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во понеделник, заедно со неколку европски лидери.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни