Македонија

Шведска го има најмоќниот пасош во светот, а еве каде е Македонија

Шведска го има најмоќниот пасош во светот, а еве каде е Македонија

Глобалниот индекс на пасоши за 2026 година донесе нови критериуми и промени во рангирањето на највредните патни исправи во светот. За разлика од традиционалните листи кои се засноваат исклучиво на бројот на држави во кои може да се патува без виза, ова рангирање вклучува три клучни категории: слобода на движење, квалитет на живот и можности за инвестиции.

Целта на новиот модел е да обезбеди поширока слика за реалните придобивки и економската стабилност на земјата која го издава пасошот.

Рангирање на Македонија и регионот

Најновиот извештај покажува дека земјите од регионот сè уште забележливо заостануваат зад поголемиот дел од Европската Унија:

  • Словенија (37. место) – најдобро рангиран пасош од поранешна Југославија.
  • Хрватска (42. место).
  • Србија (66. место).
  • Црна Гора (71. место).
  • Македонија (78. место) – се наоѓа во долниот дел од регионалната листа, пред Босна и Херцеговина која е пласирана уште пониско.

Топ 10 најмоќни пасоши во светот

Најмоќниот пасош во светот за 2026 година го има Шведска, благодарение на максималните оценки во сите категории, а веднаш зад неа се Швајцарија и Финска. Во првите десет позиции доминираат европските држави, додека Сингапур е единствениот претставник надвор од Европа.

  1. Шведска
  2. Швајцарија
  3. Финска
  4. Германија
  5. Холандија
  6. Данска
  7. Ирска
  8. Обединето Кралство
  9. Норвешка
  10. Сингапур

Изненадувачки пад на САД

Еден од најзначајните трендови во годинашниот индекс е падот на Соединетите Американски Држави. Американскиот пасош, кој во минатото редовно беше меѓу највредните во светот, сега се наоѓа на 12. место, што аналитичарите го оценуваат како сериозен пад за една од најразвиените економии.

Нова дефиниција за „моќен пасош“ Вредноста на една патна исправа денес повеќе не се мери само со отворените граници. Сè поголема тежина добиваат економските перспективи, стабилноста на институциите, личната безбедност и општествениот стандард кои сопственикот ги ужива во матичната земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни