Балкан

Швеѓанец „падна“ во Белград: Обвинет е за повеќе кривични дела

Швеѓанец „падна“ во Белград: Обвинет е за повеќе кривични дела

Припадници на МВР, Управа за технологија, Служба за примена на посебни доказни дејствија, Одделение за насочени претреси – FAST тим, организиран од Еуројаст, во соработка со полициски службеници на Службата за борба против организиран криминал и Обвинителството за Организиран криминал, по меѓународна потерница на Кралството Шведска го уапси шведскиот државјанин В.М.(37).

В.М. се товари дека сторил повеќе кривични дела според законодавството на Кралството Шведска, во врска со тешкото кривично дело злоупотреба на наркотични дроги, тешкото кривично дело неовластено поседување, носење и располагање со огнено оружје во рамките на организирана криминална група.

При претресот на станот што го користел В.М во Белград, пронајдени се бројни докази кои ќе бидат употребени во натамошната кривична постапка против него.

Исто така, во Кралството Шведска веќе се осудени неколку членови на организираната криминална група на која и припаѓа В.М.

Евројаст го поддржа апсењето на шведскиот државјанин, а повеќемесечната блиска соработка со српските институции вроди со плод.

Против него е покрената постапка за екстрадиција за екстрадиција во Кралството Шведска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни