Македонија

ШВЕРЦ И ПРОДАЖБА НА ДРОГА: Македонец дел од уапсена група во Хрватска

ШВЕРЦ И ПРОДАЖБА НА ДРОГА: Македонец дел од уапсена група во Хрватска

Хрватската полиција разоткри шестчлено злосторничко здружение чии членови, меѓу кои еден Македонец и еден Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и Сплитско-далматинската жупанија, јави хрватската новинска агенција ХИНА.

При апсењето од осомничените одземени се 3,9 килограми хероин. Полицијата сомничи 43-годишен државјанин на Северна Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.

Осомничените набавувале хероин од една земјите од Југоисточна Европа, па го прошверцувале на територијата на три хрватски жупанија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни