Свет

Сијарто: Ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Унгарија

Сијарто: Ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Унгарија

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

„Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси“, рече Сијарто во видео снимка на Фејсбук.

Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“.

„Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање, туку физичка реалност“, рече Сијарто.

Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни