Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска и официјално ќе ја отвори Народната канцеларија на Претседателот во Скопје, со што се обновува практиката на директна комуникација со јавноста.
Овој чекор е дел од претходно зацртаните ветувања во претседателската програма, чија главна цел е да им овозможи на граѓаните непосреден контакт со институцијата, како и простор за поднесување на предлози, претставки и граѓански иницијативи.
На денешното свечено отворање е најавено присуство на претставници од невладиниот сектор, а во рамки на настанот претседателката ќе ја искористи приликата и да оствари прва директна средба со граѓаните во новите простории.