Свет

Силен земјотрес ја погоди Јапонија!

Силен земјотрес ја погоди Јапонија!

Земјотрес со прелиминарна јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово погоди област во близина на Токио, но не е издадено предупредување за цунами и нема информации за жртви, соопшти метеоролошката агенција и локалните власти.

Земјотресот се случил околу 9:08 часот по локално време, со епицентар во префектурата Ибараки во источна Јапонија, на длабочина од околу 46 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Поради земјотресот привремено е запрен сообраќајот на брзите возови кои ги поврзуваат Токио и градовите во централна Јапонија, Нагано и Ниигата, јавува агенцијата Кјодо.

По земјотресот не се пријавени дефекти во нуклеарната централа Токаи бр.2 во Ибараки, соопшти операторот на централата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни