4NEWS.mk

Силен земјотрес на грчкиот остров Крит

Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит без, засега, да има информации за повредени или предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина .
 
Земјотресот се случил во 7.40 часот утрово по локално време, бил почувствуван на целиот остров, а епицентарот бил на копно, северозападно од градот Ираклио.
 
Според грчкиот Геодинамички институт, земјотресот бил со јачина од 5.2 степени според Рихтер, а според Националната опсерваторија во Атина, 5.1 степен.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни