Свет

Силен земјотрес на јужниот брег на Филипини

Силен земјотрес со јачина од 7.1 степен регистриран е на јужниот брег на Филипините, а официјално лице од сеизмолошката национална агенција ги советувал жителите да избегнуваат одење на плажа, поради можност од цунами.

Засега нема информации околу жртви или материјална штета.

Сеизмолошката агенција соопшти дека се можни мали потреси како последица од „афтершок“ на овој земјотрес кој се случил на 162 километри од провинцијата Давао.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни