Свет

Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во море северно од индонезискиот остров Јава.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот беше на длабочина од 594 километри со епицентар на 96 километри од Тубан и 157 километри од Сурабаja, втор индонезиски град по бројот на жители

Земјотресот е почувствуван во голем дел од Јава, па се до островот Бали.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни