Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Македонија

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините, има мртви

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините, има мртви

Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица загинале, а четворица се повредени во земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што го погоди еден од јужните острови на земјата.

Според Ројтерс, нема веднаш детали за пријавените смртни случаи, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на југот на Филипините.

Земјотресот бил на длабочина од 10 км.. Геофизички агенции на Филипините и соседна Индонезија издадоа предупредувања за цунами.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни