Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Силен земјотрес во близина на Австралија

Силен земјотрес во близина на Австралија

Во понеделникот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на австралискиот остров Маквари. Ова го покажуваат податоците на Европскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 700 километри западно од островот, кој е дом на Истражувачката станица Субарктик, каде што живеат и работат австралиски и новозеландски научници и каде е сместена австралиската истражувачка флота. Длабочината на земјотресот е 10 километри.

Нема извештаи за штети или жртви.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни