Свет

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ПАРИЗ: Пожарот зафати неколку згради (ВИДЕО)

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ПАРИЗ: Пожарот зафати неколку згради (ВИДЕО)

Експлозија на гас се случи во петтиот арондисман на Париз, што резултираше со пожар во неколку згради, соопштија во средата локалните париски власти.

Полицијата им порача на луѓето да ја избегнуваат областа Вар де Грејс откако се урна фасадата на една зграда и се чини дека пожарот се проширил на соседните згради.

Малку по 17 часот жителите на овој крај опишаа една голема и една помала експлозија.

„Беше шокантно, вистинска катастрофа“, изјави еден човек за јавното радио Франс Инфо.

Полицијата, противпожарната и итната помош се на терен.

BFMTV објави дека најмалку четири лица се во критична состојба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни