Сообраќајот во Бања Лука денеска беше буквално парализиран поради обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавени улици.
Евидентирани се и неколку сообраќајни несреќи, а некои семафори се уште не работат.
– Поради силното невреме што ја зафати Бања Лука, моментално не работат семафорите на одредени раскрсници во градот, затоа бидете внимателни – апелираат од Градската управа.
Граѓани од неколку населени места во Бања Лука до надлежните пријавиле дека во нивната куќа влегла вода и дека е причинета штета.
Од Хидрометеоролошкиот завод се уште не соопштуваат колкава количина на дожд наврнало, но жителите на Бања Лука биле сведоци на невреме, односно пороен дожд, а понекогаш и град, кое траело околу половина час.
Одводните канали не можеа да ја примат целата вода, поради што за многу кратко време улиците беа поплавени.
Водата се повлекува, а надлежните екипи на терен ќе ја проценат состојбата и ќе реагираат доколку има потреба – додаваат од Градската управа.
