Балкан

Силно невреме ја зафати Хрватска: врнеше и снег!

Силно невреме ја зафати Хрватска: врнеше и снег!

За време на невремето што денеска во раните утрински часови ја зафати Хрватска, во Сплит и неговата околина паднаа повеќе од пет сантиметри голем град.

Откако невремето ја зафати внатрешноста на Козјак и дел од Каштела, меѓу 1 и 2 часот по полноќ невреме со силен град го зафати Сплит и неговата околина, објави порталот dalmacijadanas.hr.

Олујниот облак достигна висина од седум километри додека се движеше над Сплит. Прво го зафати западниот дел на полуостровот, а потоа постепено се пресели на исток.

Силно невреме потоа ја зафати Жрновница. Таму наврнале повеќе од 20 литри врнежи за само 30 минути на метар квадратен, помалку дожд и повеќе град. Ледените наноси на тој простор беа на места повисоки и од 20 сантиметри, а за жал се очекуваат значителни штети во земјоделството.

На Динара температурата на воздухот повторно се спушти на нула, па на повисоките места падна нов снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни