„Симпсонови“ ги предвидоа и мајмунските сипаници

„Симпсонови“ низ годините предвидоа многу работи- Трамп како американски претседател, настапот на Лејди Гага на Супер боул, коронавирусот и војната во Украина…

На Твитер сега се споделуваат фотографии од различни сезони од серијата „Симпсонови“, со кои наводно Хомер ги предвиде и мајмунските сипаници кои се актуелни.

Се вчитува...

Станува збор за 21 епизода на деветтата сезона, која е емитувана во 1998 година. Во неа Хомер зема мајмун кој му станува домашен миленик и главен помошник во домашните работи.

Но, покрај фотографијата од таа епизода, стои и друга слика, која е од 17 сезона на серијата, емитувана во 2005 година, во која Хомер има сипаници.

Иако мајмунот од 9. сезона не е поврзан со сипаниците од 17. сезона, фановите велат дека серијата и овој пат ја предвиде иднината.