Синдикатот на Клинички центар бара самостојно средба со премиерот Заев

Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар бараат средба со премиерот Зоран Заев и информираат дека остануваат на ставот на договорената средба самостојно да преговараат.

– Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални различни ставови и барања, постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на  двата синдикати, се вели во реакцијата на Синдикатот на Клинички центар, по изјавата на премиерот Заев дека на договорената средба ќе разговара со синдикатите.

Се вчитува...

Во таа насока, синдикатот на Клинички центар информира дека во два наврати, на 17 и 19 овој месец, побарале од министерот за здравство да го информира премиерот Заев за овој став на синдикатот на Клинички центар и да го извести синдикатот за одговорот.

Синдикатот на Клинички центар, потсетува дека тие се иницијатори и барале средба со премиерот Заев, договорена за 24 или 25 декември годинава.

Самостојниот синдикат на вработените во клиничкиот центар на 12 овој месец излезе на протест против одлуката на Советот на Град Скопје за зголемување на цената за паркирање за вработените на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извор: ТВ21