Синдикатот на УПОЗ во соопштението кое го испратија до медиумите велат дека денеска е донесена најсрамната одлука во историјата на судството на Република Македонија.
Тие не се согласуваат со донесената одлука за исплата на додатоци односно зголемувањето од 21.000 денари, што како што велат тие е зголемување за 85% од редовните плати кои ги добивале вработените во судската служба.
Поради овие причини од таму бараат оставка од Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и составот на советот.
