Живот

Синот на Балак загина во сообраќајка

Синот на поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација Михаел Балак (44), 18-годишниот Емилио, наводно загина во сообраќајна несреќа, возејќи квадроцикл во близина на Лисабон.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а португалските медиуми јавија дека синот на Балак го загубил животот во два часот наутро возејќи во туристичкото место Троија, јужно од Лисабон, во близина на семејната куќа.

Емилио е син на Балак од бракот со Симоне Ламбе, со која поранешниот германски репрезентативец има уште два сина, Луис (20) и Жорди (16).

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни