Свет

Сирените се огласија 638 пати во Киев оваа година

Сирените се огласија 638 пати во Киев оваа година

Сирените во Киев, предупредувајќи за опасност, се огласиле 638 пати откако руските сили ја нападнале Украина, изјави шефот на киевскиот воен администратор Сергиј Попко.

Украинската престолнина помина речиси 694 часа во состојба на готовност.

„Ова се практично 29 дена, речиси цел календарски месец, кои жителите на градот ги поминале во засолништа и бункери“, посочи Попко.

Според украинскиот претставник, Киев бил цел на 52 воздушни напади, во кои загинале 120 луѓе, меѓу кои пет деца. Во ракетните напади се повредени 495 лица.

Покрај тоа, повеќе од 600 згради беа оштетени во нападите, а виталната инфраструктура на Киев беше сериозно оштетена, објави Попко.

„Оваа година е најлошата во поновата историја на Киев“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни