Сириски воен претставник изјави дека Израел нападнал локации јужно од главниот град Дамаск, рано утринава, според сириските државни медиуми, цитирани од Ројтерс.
Сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала проектилите и ги соборила повеќето, но во нападот бил ранет еден цивил, а причинета е материјална штета, додаде официјалниот претставник, цитиран од државните медиуми.
