Свет

Сите летови за Шангај се откажани поради тајфун

Сите летови за Шангај се откажани поради тајфун

Сите комерцијални летови се откажани оваа вечер на двата големи аеродроми во Шангај, во источна Кина, поради пристигнувањето на тајфунот Муиф, соопшти управата на тие два аеродроми.

Како што се наведува, граѓаните ќе бидат навремено информирани за промените на летовите во зависност од развојот на ситуацијата поврзана со тајфунот.

Тајфунот со ветрови до 126 километри на час падна на копно во 18:30 часот по средноевропско време во округот Фенгсианг, објави Ксинхуа.

Прво го погоди градот Жушан, во провинцијата Жеџијанг.

Тајфунот носи обилни дождови и силни ветрови во источните крајбрежни провинции на Кина (Жеџијанг и Фуџијан) и во Шангај, економскиот центар на земјата.

Властите во Жеџијанг наредија бродовите да се вратат во пристаништата и ги затворија училиштата и туристичките места.

Тајфунот би можел да ги погоди пристаништата Нингбо и Жушан, јужно од Шангај, кои се меѓу најголемите во светот.

Според државните медиуми, Муифа е 12-ти тајфун што ја погоди Кина оваа година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни