Сите патници се извлечени од автобусот кој попладнево излета од патот и се преврте во близината на Сарај на автопатот Скопје – Тетово. Патниците се пренесени во болниците 8-ми се септември и на Ургентен во Скопје, и лекарите се борат за животите на дел од нив.
Според неофицијални и непотврдени информации, најмалку пет патници загинаа, а неколку со потешки повреди се пренесени на Ургентен во Скопје. Оние со полесни повреди се пренесени во болницата 8-ми септември.
„Извадивме најмалку четири патници од автобусот кои беа живи. Што се случи понатаму со нив, не знам. Ги земаа со возила на брза помош и ги однесоа во болница“, изјави еден од оние кои беа на местото на несрќата за ТВ21.
Министерот за здравство Венко Филипче во 19:30 часот ќе даде изјава за медиуми.