Сите се на годишен одмор – „Рекет“ ја тресе државата, обвинителите на плажа

Обвинителите на одмор, нови видеа за  „Рекет“, а Боки 13 и Зоки Кичеец во притвор во Шутка.  Вака може да се објасни моменталната ситуација на случајот со изнудата на пари од бизнисмени во кој се проверува и евентуална вмешаност и на шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Таа пред еден месец даде неотповиклива оставка за потоа да отиде на боледување. Една недела потоа се врати со пресконференција, па веднаш потоа замина на годишен одмор кој ќе и трае до 15 август.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од обвинителката Катица Јанева најпрвен како се средува на фризер, а потоа и на една плажа.

Сите правни лица, но и извори од СЈО, за ТВ21 велат дека новите снимки кои ги објавува италијанскиот весник, се доволна причина Катица Јанева да биде повикана на информативен разговор. Контактиравме со обвинителката Вилна Рускоска која го води случајот „Рекет“, а таа кусо ни изјави дека за се што не интересира ќе можеме да прашаме кога ќе се врати од одмор. Сепак, од обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека има заменици обвинители кои работат на случајот.

Уште од почетокот на август, случајот „Рекет“ е на пауза поради судската ферија, вклучувајќи го и обвинителот Јовески, шефицата за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска “. Предметот во моментов е во истражна постапка.

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ТВ21 потврдува дека сите вмешани во случајот „Рекет“ ќе бидат земени на распит во Обвинителство, вклучувајќи ја и Катица Јанева, но без да открие кога ќе се случи тоа.

За изнуда на 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, засега осомничени се само Боки 13 и Зоки Кичеец. Му земале пари со ветување дека имаат моќ да влијаат во СЈО и да ја сопрат истрагата против Камчев за перење пари.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното