Сите се разболуваат за да ги избегнат решетките. Бизнисменот Сеад Кочан за случајот Труст на СЈО, пред дена пред да оди во затвор, беше хоспитализиран во приватна клиника во Скопје. На 17 јули тој требаше да се појави во затворот во Идризово, но Сеад Кочан побара одложување на казната поради тешката здравствена состојба. Од друга страна, Сашо Мијалков, осуден на три години затвор за случајот Тврдина – Таргет, побара од СЈО да му се врати пасошот за да може да се лекува надвор од земјава.Боледувања неколку пати побара и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој што е осуден за аферата Шпански скали. Истиот поради проблеми со срцето беше испратен во болница каде требаше да се оперира. Меѓутоа Јанакиески денеска е вратен во затворот во Шутка бидејќи лекарите утврдиле дека нема потреба од хируршка интервенција. Се разболе и специјалната обвинителка Катица Јанева веднаш откако започнаа истрагите за случајот Рекет. И Боки 13 кој е осуден за овој случај е испратен во една скопска клиника на контрола. Адвокатот Насер Рауфи вели дека боледувањата можат да ги одложат судските случаи или казните, но за краток временски интервал. Според него, осуденото лице не може да избегне казна со боледување.
Рауфи не верува дека лекарите даваат боледување со лажни дијагнози. Тој вели дека често пати се случува на обвинетите да им се слоши и на самото рочиште.
Во точките од член 89 од законот за спроведување санкции, се вели дека на осуденото лице кое се наоѓа на слобода може да му се одложи почетокот на казната според неговото барање, доколку е на лекување во болница заради акутна болест или зависност…се случува да има смртен случај или сериозна болест во најблиското опкружување. Во вакви случаи казната може да се одложи максимум до три месеци.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ