Македонија

СЈО остана без шефица – „Прво да ни достават извештај потоа ќе одлучуваме“, вели Штерјев

Кој ќе ја замени Катица Јанева откако вчера и беше одреден 30 дневен притвор и со тоа и таа стана осомничена во случајот Рекет.  Шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска уште вчера најави дека во текот на денов ќе поднесе барање Советот на јавни обвинители да одржи седница на која ќе биде назначен заменик на Јанева.

ТВ21 го контактираше претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев за да го прашаме дали веќе е добиено барање од Рускоска за Советот да одреди замена, тој само кратко ни одговори, дека тоа не оди така и дека во текот на денот ќе испратат барање да им биде доставен извештај, па потоа ќе преземат следни чекори.

Обвинителката  Фатиме Фетаи изјави дека случајот со Јанева не смее да ја оцрни целата институција и дека тие продолжуваат со работа.

Со свој коментар околу замената на Јанева се огласи и Антонио Милошоски кој на својот фејсбук профил напиша дека Советот на јавни обвинители нема надлежност да определува заменик за Катица Јанева, а вчерашната изјава на јавниот обвинител Јовевски кој рече дека Советот на обвинители треба да одреди кој ќе ја заменува Јанева, ја нарече произволна.

Јовевски на вчерашната прес конференција запрашан кој во иднина ќе ја заменува Јанева бидејќи самото Специјално јавно обвинителство треба да има надлежен кој ќе потпишува и одобрува се што е потребно за функционирање на обвинителството, тој рече дека Советот на јавни обвинители треба веднаш да ја констатира состојбата во СЈО и веднаш да определи  вд јавен обвинител од редот на СЈО.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни