Македонија

Скопјанец измамен од лице за сума од 309.800 денари – полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Скопјанец измамен од лице за сума од 309.800 денари – полицијата презема мерки за расчистување на случајот
Фото: 4news.mk

На 01.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријави дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари.

Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требал да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни