Македонија

Скопјанец пронашол изгубена картичка и со неа си плаќал стоки и услуги

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот пронашол изгубена платежна картичка на лице од Скопје и, наместо да ја врати, со неа плаќал стоки и услуги во разни правни лица.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 14.652 денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни