Македонија

Скопјанец си го истепал сопствениот татко, а потоа му го запалил возилото!

Скопјанец си го истепал сопствениот татко, а потоа му го запалил возилото!
Фото: 4news.mk

На 11.03.2026 во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни