Македонија

Скопјанец удрил во пешак, 77-годишник тешко повреден

На 23.01.2019 година околу во 08.10 часот на паркинг простор на ул.„Козјак“ во Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, управувајќи товарно возило „Фиат Фиорино“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот Д.И.(77) од Скопје. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, по што бил задржан на лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни