Скопјани го потсетија Шилегов на ветувањата, поради загадувањето за 20 години ќе изумре цел град

По десет месеци, скопјани го потсетија првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов за ветувањата кои ги даде пред да стане градоначалник. Се собраа пред канцелариите на градот, за да му кажат на градоначалникот дека не ги исполнил ветувањата за чист воздух.

Дел од граѓаните велат дека се разочарани од неговото раководство, бидејќи како што велат, очекувале проблемот со загадениот воздух да биде решен. Според нив, поради загадениот воздух „исчезнуваат“ цели градови поради високата стапка на смртност.

Друг демонстрант вели дека треба да има казни за оние кои го загадуваат воздухот.

Организаторите на протестот велат дека граѓаните не сакаат со нивните пари да ги плаќаат министрите кои не одат на работа, туку се сакаат со тие пари да се реши проблемот со загадениот воздух.

Со транспаренти „Сакаме чист воздух“, граѓаните побараа да бидат преземени итни мерки за намалувањето на загаденоста на воздухот. Инаку, Владата ќе оддели 1.5 милиони евра од буџетот за 2019 година за намалување на аерозагадувањето. Од Коалицијата О2, велат дека се револтирани од сумата која Владата ја издвоил. Додаваат дека имајќи предвид дека за оваа цел ќе бидат наменети само 1.5 милиони евра, јасно е дека поголем приоритет за Владата претставува изградбата на автопатот Кичево-Охрид, отколку животната средина.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21