Скопјани по чист воздух на Водно – „1350 смртни случаи од загаденост во Македонија“

Скопје синоќа се најде на врвот по  загаденост во Европа и на  петто место во светот според извештајот на Светска банка. Голем број Скопјани  спас бараат  на Водно. Поради големата гужва немаше место каде да се паркираат. На паркингот пак во близина на билетарата кај жичарницата имаше автомобилска трка токму за викенд кога граѓаните можат да си дозволат да избегаат од градот и загадувањето. Родители со деца, возрасни, се чекаше во редица. Посетителите се пожалија дека ги чувствуваат последиците и спас бараат до единствената планина во близина.

Анкетираните граѓани велат:

Се вчитува...

Сите ги чувствуваме за жал последиците од загадувањето. Спасот е тешко да се најде бидејќи воздухот е загаден до 450 м, за да стигнете до оваа точка кај што нема загадување треба да поминете пат кој е загаден.

Поседиците ги чуствуваме од тоа што не излегуваме воопшто од дома. а во зимскиот  период малечката ни прави бронхитис, за да го заштитам ова второ  бебенце  се трудам да не излегувам вооопшто од дома и да користиме прочистувач за воздух. Ги коростиме само деновите кога мерните станици покажуваат дека воздухот е во ред.

Спасот вака на Водно преку викенди и здравје се надеваме на планина во теков на јануари или февруари.

Со печење на грло , децата со затнат нос. Секој трет ден сме во болница со кашлање.

Граѓаните имаат и предлози до одговорните како што велат:

Многу е жално што имаме и политичари и градски луѓе кои оваа придобивка од планинаат не ја почусвтвувале. Оваа планина, за да дишат сите мали деца и пензионерите да доаѓаат кои не се во можност со многу мали пари може жичарата да се направи од некоја катна гаража и сите за евтини пари да си дојдат до крстот.

Синоќа по загадени од Скопје беа само Лахоре, Калкута,  Делхи и Дака. Во извештајот на светска банка е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Нивните сознанијата упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП. ТВ21 го контактираше инспекторот за животна средина во Град Скопје Мирослав Богдановски за мерките што ќе ги преземат откако, тој само кусо не  информираше дека се лоцирани загадувачите, а тој одговори дека од утре треба да имаат резултати од вонредните испитувања, при што најавува и санкции за загадувачите. И така Скопје и натаму е на светските топ листи за загадување додека надлежните се уште ги чекаат резултатите.

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Извор: ТВ21