Професорите Коста Митрески и Живко Давчев, презентираа проект против аерозагадувањето. Прочистувањето на воздухот ќе се врши преку анти-смог машини. Според нив, преку оваа метода може да се намали аерозагадувањето за 30 до 70 отсто. Трошоците се минимални, бидејќи како што објаснуваат, како прочистувач на воздухот се користи само водата. Машините освен за чистење на воздухот, можат да се користат и за чистење на снег, за санација на патишта и за други намени.
Професорот на Факултетот за земјоделски науки, Живко Давчев, вели дека досега институциите не покажале интерес за оваа метода. Најави дека во секоја општина оделно ќе ја промовираат нивната метода.
За реализирање на проектот, Телеком-Македонија со донација од 10 илјади евра.
Во меѓувреме, група граѓани во знак на револт за утре во 13 часот закажаа протест, кој ќе започне од законодавниот дом, а ќе продолжи пред Владата. Еден од организаторите, Кристијан Узунов повика на мирен протест со цел изнаоѓање на соодветно решение за проблемот со загадувањето.
Дел од барањата на демонстрантите се: одржување итна седница на Владата за загадувањето на воздухот и вклучување на експертите и граѓанскиот сектор во контролите на најголемите загадувачи во земјата.
РЕПОРТЕРКА: ВАЛМИРА ЗЕНДЕЛИ