Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Скопје добива силна поддршка од Владата за решавање на децениските проблеми

Скопје добива силна поддршка од Владата за решавање на децениските проблеми

Во својата изјава за 4ТВ, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна клучната улога на централната власт во надминувањето на инфраструктурните и комуналните предизвици на главниот град.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во изминатиот период има извонредна соработка и поддршка од претседателот на Владата, самата Влада во целост, како и од Министерството за транспорт.

Според него, брзата реакција на Владата — како што е неодамнешното одобрување на одлуката за набавка и отстапување на новите комунални камиони — е од суштинско значење за нормализирање на јавните услуги во Скопје.

Градоначалникот додаде дека административните и законските процедури одземаат време, но со помош на државните институции, започнатите процеси за модернизација на сообраќајната и комуналната инфраструктура ќе бидат финализирани во најкраток можен рок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни