Живот

Скопје домаќин на Детската Евровизија 2026?!

Скопје домаќин на Детската Евровизија 2026?!

Македонија за првпат во својата историја ќе го организира најпрестижниот музички настан за млади – Junior Eurovision Song Contest 2026. Веста одекна во јавноста а наводно е најавена од директорот на телевизијата на Сан Марино, Роберто Серџо.

Засега нема официјалната потврда од Европската радиодифузна унија (EBU) и МРТ.

Според информациите, откако Франција, како победник во 2025 година, одлучи да не го организира фестивалот следната година, се отвори можност за нов домаќин и токму Македонија ја добила довербата да го организира овој голем спектакл, со што Скопје ќе стане есенцијалниот центар на европската музичка мапа во 2026 година.

Ова е првпат земја од поранешна Југославија да биде домаќин на Детската Евровизија по пауза од скоро две децении.

Настанот нуди уникатна шанса за промоција на македонската култура, музичка сцена и гостопримство пред милионска публика ширум светот.

На сцената во Скопје ќе продефилираат најдобрите млади изведувачи од десетици европски држави.

Подготовките за овој евровизиски спектакл допрва почнуваат, а целата јавност со нетрпение го очекува моментот кога младите ѕвезди на Европа ќе запеат токму од македонската престолнина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни